Италијанските медиуми тврдат дека Марио Манџукиќ е блиску до враќање во Серија А.
Наводно, Фиорентина започнала преговори со хрватскиот напаѓач откако на Манџукиќ му пропаднаа преговорите со Локомотив Москва и Бешикташ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манџукиќ сигурно би бил големо засилување за екипат на Фиорентина на која и е потребен еден искусен напаѓач како што е Манџукиќ.
„Фиорентина веќе затропа на неговата врата. Знаеме зошто го напушти Јувентус, но тој недостасува на италијанскиот фудбал“, пишува „Газета дело Спорт“.
Останува да видиме дали Италијанците шпекулираат или пак се работи за сериозни преговори помеѓу Манџукиќ и Фиорентина.