Дома Фудбал Италија Манчини пред дербито: Наполи и Интер можат до „Скудетото“

Манчини пред дербито: Наполи и Интер можат до „Скудетото“

Селекторот на Италија и поранешен тренер на Интер, Роберто Манчини смета дека битката за „Скудетото“ во Италија не е завршена, иако Јувентус има солидна предност.

„Старата дама“ после 14 одиграни кола има осум бодови предност во однос на второпласираниот Наполи и дури 11 повеќе од третопласираниот Интер. Во наредното коло се игра „Дербито на Италија“ помеѓу Јувентус и Интер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роберто Манчини смета дека дури и во случај Јувентус да победи во тој натпревар трката за „Скудетото“ нема да биде завршена.

„Ќе биде тоа одличен натпревар. Јувентус и Интер се два тима со многу одлични играчи. Едните очекуваат многу од Роналдо, другите од Икарди. Сметам дека токму еден од нив двајца ќе ја направи разликата“.

„Во овој натпревар секој резултат е можен. Јувентус моќен тим, но Интер од сезона во сезона покажува дека може да конкурира за највисок пласман. Дали победа на Јувентус ќе ја одлучи трката за „Скудетото“? Не, но во тој случај ќе му биде многу тешко на Интер. Наполи е тука, првенството е долго и пред сите клубови има многу натпревари“, смета Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спалети сака да го врати во Јувентус дефанзивецот со кого доминираше во Серија А

Лучано Спалети, стратегот на Јувентус, одлучен е повторно да се здружи со поранешниот цент…