Дома Фудбал Репрезентации Манчини испрати јасна порака до Балотели и Моизе Кин

Манчини испрати јасна порака до Балотели и Моизе Кин

Селекторот на Италија, Роберто Манчини денеска на прес конференцијата зборуваше за двата натпревари кои предстојат во квалификации за ЕП.

Италија се наоѓа на првото место во групата Ј со максимални 18 бодови, а на 12. октомври ја пречекува Грција и после тоа на 15. октомври гостува кај Лихтенштајн.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Манчини го објави списокот, а на него и натаму не се наоѓа Марио Балотели, но и Моизе Кин кој ова лето замина во Англија, а селекторот на Инталија имаше јасна порака за нив и најави дека можат да заиграат за репрезентацијата, но претходно мора да работата.

„Балотели мора да игра натпревари. Со него работев неколку години и секогаш беше доволно сериозен, има 29 години и ако сака може да дојде до годините на Рибери и повторно да игра.“

„Кин е млад играч, мора да му се даде време, дури и кога направи неколку грешки. За него гледам голема иднина на техничко ниво, тој може само да се подобрува и може да се врати.“ – изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нејмар се налути и нападна новинар: Уште една измислена вест!

Бразилецот Нејмар (33) повторно е во центарот на вниманието, но овој пат не поради неговит…