Дома Фудбал Репрезентации Манчини за дебитантот Гното: Тој е се уште дете и за своите години игра како никој друг

Манчини за дебитантот Гното: Тој е се уште дете и за своите години игра како никој друг

Селекторот на Италија Роберто Манчини имаше само пофални зборови за младиот дебитант Вилфред Гнонто.

Италија и Германија во саботата одиграа нерешено 1:1 во дерби натпреварот од групата 3, Дивизија 1 во УЕФА Лигата на Нации. Селекторот на „Аѕурите“ Роберто Манчини на овој натпревар даде шанса на дури шестмина дебитанти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓу нив најмладиот беше 18-годишниот Вилфред Гнонто. Во игра влезе во 65. минута, а само пет минути подоцна после одличен продор му асистираше на Пелегрини за водечкиот гол.

„Тој е се уште дете, има 18 години и не треба да го притискаме. Мора да расте полека. За своите години игра фудбал на начин на кој никој друг не може, исто така многу е брз. Неговата најдобра улога е како втор напаѓач, меѓутоа може да игра и на крило. Пред него е голема иднина“, изјави Манчини за италијанските медиуми.

Вилфред Гното е висок само 1.70, по потекло е од Брегот на Слоновата Коска. Изминатата сезона со многу успех настапуваше за новиот шампион на Швајцарија Цирих. Одигра 36 натпревари, постигна 10 голови и забележи пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…