Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Вест Хем

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Вест Хем

Манчестер Јунајтед се вклучи во траката за потписот на бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Вест Хем, Лукас Пакета, пренесуваат англиските медиуми.

Пакета пред две години пристигна во Вест Хем и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилецот е голема желба и на Пеп Гвардиола кој минатото лето понуди 80 милиони евра за неговиот потпис, но Вест Хем не го дава за помалку од 100 милиони.

Сега во тракат се вклучи Манчестер Јунајтед кој покрај пари е спремен да го понуди и Хари Мегваер за кого „чеканите“ покажуваат силен интерес.

Приоритет на „црвените ѓаволи“ е засилување на средниот ред, а главна мета е токму Лукас Пакета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…