Како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Италија, Манчестер Јунајтед е блиску до комплетирање на трансферот на Џошуа Зиркзе.
22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан од поодамна постигна договор со играчот и е спремен да ја плати откупната клаузула од 40 милиони евра, па се очекуваше трансферот да се реализира.
Меѓутоа, „росонерите“ не сакаат да платат провизија од 15 милиони евра колку што бара агентот Киа Јорабчијан, па сега во целата ситуација се вклучи Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ веќе постигнале комплетен договор со агентот и во наредните денови ќе ја платат откупната клаузула.