Дома Фудбал Манчестер Јунајтед или Јувентус стојат позади одлуката на Дембеле

Манчестер Јунајтед или Јувентус стојат позади одлуката на Дембеле

Осман Дембеле ќе ја доигра сезоната во Барселона, а на лето како слободен агент ќе го напушти клубот.

Сагата со Французинот траеше неколку недели и на крајот не стави потпис на нов договор, но не ја промени средината во јануари.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Претседателот на Каталонците, Лапорта изрази сомнеж дека Дембеле веќе се договорил со друг клуб и сака на лето како слободен играч да направи трансфер.

„Спорт“ пренесува дека Дембеле не сакал ни да ги слушне понудите на Челзи, Тотенхем и ПСЖ, а причината за тоа е дека веќе има договор со друг клуб.

Иако се уште не се открива за кој клуб станува збор, во Барселона веруваат дека тоа е Манчестер Јунајтед или Јувентус.

Сега прашањето е што ќе се случува со Дембеле до крајот на сезоната и дали Чави ќе го врати во тимот и ќе ги користи неговите услуги, или пак играчот наредните месеци ќе ги помине на трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разочарување за навивачите на Реал Мадрид: Од тој трансфер нема ништо!

Утринава пристигнуваат вести што несомнено ќе ги разочараат навивачите на Реал Мадрид ширу…