Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го стави Рашфорд на продажба

Манчестер Јунајтед го стави Рашфорд на продажба

Се поголеми се шансите Маркус Рашфорд да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рашфорд има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.

Доколку не стави потпис на нов договор, тоа ќе биде последна шанса Манчестер Јунајтед да го продаде. Клубот во неколку наврати испрати понуда за продолжување на договорот, но се уште нема одговор.

Последните информации се дека новиот менаџер Ерик тен Хаг дал зелено светло за негова продажба, бидејќи спрема реконструкција на тимот.

Оваа сезона Рашфорд не игра во добра форма, па се чини дека двете страни сакаат да се разделат на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…