Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ги „замрзна“ сите трансфер планови

Манчестер Јунајтед ги „замрзна“ сите трансфер планови

Раководството на Манчестер Јунајтед ги замрзна сите планови за трансфер, се додека не се знае дали клубот ќе се натпреварува во групите на Лигата на шампионите во следната сезона.

„Црвените ѓаволи“ влегоа во лоша форма во најнеповолниот момент од сезоната, дозволувајќи две реми против Саутемптон и Вест Хем, како и пораз од Челзи за ФА Купот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Овие околности сериозно го доведоа во прашање евентуалното учество на тимот во Лигата на шампиони следната сезона. Манчестер е на 3-то место, со еднакви бодови како Челзи и само еден бод предност од 5-от Лестер.  Интересно е што Јунајтед им гостува на „лисиците“ во последното коло од Премиер лигата во директен натпревар за место во Топ 4.

Оваа неизвесност за финансискиот приход на клубот, го натера раководството да престане со сите разговори за летни засилувања, барем до после средбата со Лестер.

Неуспехот на „црвените ѓаволи“ да ја исполнат целта ќе значи дека момчињата на Оле Гунар Солскјер ќе треба да се потпрат на освојување на Лига Европа на крајот на тековната сезона за да се пласираат во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…