Манчестер Сити ја одреди цената на Хулиан Алварез, за кого интерес покажуваат неколку европски гиганти.
Најсилен интерес за Аргентинецот покажува Реал Мадрид, кој во јануари сака да донесе нова „деветка“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Алварез пристигна во Манчестер Сити за 20 милиони евра, а својата класа ја покажа на Мундијалот, но на „Етихад“ е во сенка на Халанд.
Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината, а Сити нема да му стои на патот, но за неговата слобода бара 100 милиони евра.
Останува да се види дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати оваа сума.