Дома Фудбал Англија Манчестер Сити ризикува службен пораз против Арсенал

Манчестер Сити ризикува службен пораз против Арсенал

Манчестер Сити ризикува да допушти служен пораз со 3:0 од Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Причината е одлуката на тимот да отпатува за Лондон на денот на натпреварот, кој на програмата е утре.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Временските услови во Лондон го доведуваат во прашање самото одигрување на дербито. Денес столицата на Англија беше покриена со снег и се очекуваат минусни температури, а според прогнозите времето додатно ќе се влоши утре.

На „Емирати“ има современо греење кое ќе дозволи да се игра мечот, но проблем се условите околу стадионот, односно загриженоста за транспорт на 60.000 луѓе.

И покрај ризикот Манчестер Сити донесе одлука да отпатува за Лондон утре со утринскиот воз. По патот од Манчестер до Лондон се очекуваат големи врнежи на снег кои може да доведат до забрана на возовите.

Поради тоа тимот на Сити ризикува да не стигне на време во Лондон за натпреварот, а според правилникот тоа значи и службена победа на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо за Роналдо: Ваквите вести се смешни

Светските медиуми неодамна објавија дека Кристијано Роналдо би можел да ја напушти Саудиск…