Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден стави потпис на нов 5 и пол годишен договор и ја продолжи верноста со „граѓаните“ до 2024 година.
18-годишниот Фоден потпиша нов договор со кој се обврза на верност кон Манчестер Сити до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фоден важи за еден од најталентираните англиски фудбалери, а до сега во Премиер лигата запиша 13 настапи за Манчестер Сити, но секој пат влегуваше од клупата.
Дебитираше за првиот тим во ноември 2017 година против Феенорд и така стана четвртиот најмлад Англичанец кој заиграл во Лигата на шампиони.
„Фил Фоден потпиша нов договор на пет и пол години и во клубот ќе биде до 2024 година“, соопштија од „Етихад“.
BREAKING: @ManCity midfielder @philfoden signs new contract until 2024. #SSN pic.twitter.com/ifKLvwNwgZ
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 10, 2018