Дома Фудбал Англија Манчестер обоен во црвено: „Ѓаволска“ победа на Јунајтед (видео)

Манчестер обоен во црвено: „Ѓаволска“ победа на Јунајтед (видео)

Манчестер Јунајтед излезе како победник во градското дерби, откако со 2:0 славеше над Манчестер Сити.

Сити подобро го отвори мечот и ја имаше првата голема шанса, но Де Геа со одлична интервенција го одбрани ударот  на Стерлинг.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Јунајтед во неколку наврати спорадично се закануваше, а во 30-та минута после еден слободен удар Фернандеш буквално го спои со голот Марсијал, на кого не му беше тешко да го совлада Едерсон.

Второто полувреме започна со голема грешка на Едерсон, а Марсијал за милиметри не успеа да ја казни грешката на голманот.

Потоа Сити со сите сили тргна кон израмнување, а Јунајтед се закануваше главно преку контранапади. Меѓутоа, „граѓаните“ беа „старилни“ во нападот и не успеаа да избегнат пораз.

Буквално во последните секудни Едерсон направи нова голема грешка и му ја даде топката во нозете на Мектомини, кој ја смести во празната мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците нема да играат на следниот Мундијал?!

Фудбалската репрезентација на Шпанија се закани дека ќе го откаже настапот на следното Све…