Дома Трансфер зона Манчестерско дерби надвор од теренот за одличниот фудбалер на Атлетико Мадрид

Манчестерско дерби надвор од теренот за одличниот фудбалер на Атлетико Мадрид

Пеп Гвардиола во текот на летото ќе се обиде дополнително да ја засили екипата на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ најавија засилувања на одредени позиции, а изгледа дека најмногу фудбалери ќе пристигнат во средниот ред. Еден од оние кои би можеле да го засилат актуелниот шампион на Англија е фудбалерот на Атлетико Мадрид Родри. Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид се обиде да го привлече вниманието кон себе и Манчестер Сити е подготвен да ја плати клаузулата од 70 милиони евра за споменатиот фудбалер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Родри не е единствениот фудбалер на Атлетико кој Гвардиола сака да го доведе во својот тим. Исто така, тука и Саул Нигез, но тој може да биде поскап од Родри. Неговата откупна клаузула изнесува дури 150 милиони евра и само неколку тима би можеле да одвојат толку пари. Меѓу нив е и Сити, но во трансфреот на овој фудбалер проблем прави и градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ исто така го сакаат овој 24-годишен во своите редови и ќе биде интересно како ќе заврши овој дуел надвор од теренот на градските ривали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…