Дома Фудбал Останато Мане за недосудениот пенал: Ако не ги кренев рацете ќе завршев во болница

Мане за недосудениот пенал: Ако не ги кренев рацете ќе завршев во болница

Баерн Минхен синоќа го победи Интер со 2:0 на „Алијанц Арена“, но во центарот на вниманието беше една контроверзна судиска одлука.

Имено, Садио Мане играше со рака во казнетиот простор по ударот на Барела, по што судијата ја погледна ВАР-снимката и пресуди дека не е пенал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Мане имаше контакт со топката која одеше директно во неговата глава, а гостите од Милано сметаат дека се оштетени затоа што судијата требало да покаже на белата точка.

„Ако не ги ставев моите раце пред главата, најверојатно ќе завршев во болница. Според мене, тоа не е пенал бидејќи рацете ми беа на исто место со главата“, изјави Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …