Дома Фудбал Германија Мане даде коментар за ситуацијата на Левандовски

Мане даде коментар за ситуацијата на Левандовски

Садио Мане неодамна го комплетираше трансферот во Баерн Минхен, а сега го даде своето прво интервју за „Билд“.

Сенегалецот е среќен што ќе игра за Баерн и призна дека Баварците и порано покажувале интерес за него.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Еден од германските новинар го праша Мане за ситуацијата на Левандовски и дали смета дека Полјакот треба да остане во Минхен.

„Левандовски? Секако, тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но јас не сум вистинската личност да ја коментирам иднината на Роберт“, изјави Сенегалецот.

„Отсекогаш сум му се восхитувал на овој клуб. Го следам Баерн уште од мојот период во Салцбург, но тогаш немаше услови за трансфер. Сега доаѓам во тимот со поголемо искуство. Ова е ситуација во која сите победуваат“, додаде Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи на играчи од Брајтон потроши над 300 милиони

Нов играч на лондонскиот клуб наскоро ќе стане Жоао Педро, кој е уште еден во редот на Бра…