Дома Топ вести Мамардашвили е пред потпис со Ливерпул, но проблемот на Димитриевски – нема да се реши!

Мамардашвили е пред потпис со Ливерпул, но проблемот на Димитриевски – нема да се реши!

Во изминатите денови на трансфер пазарот актуелна е ситуацијата на грузискиот голман Георги Мамардашвили кој се уште е член на Валенсија.

Ситуацијата со Мамарадшвили ја следи и македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски бидејќи ако Грузиецот остане тој би бил втора опција. Во Валенсија Димитриевсски пристигна како наследник на Мамарадшвили, меѓутоа сега постои реална можност да остане во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според последните информации кои ги објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Мамардашвили е блиску до трансфер во Ливерпул за сума од 30 милиони евра, меѓутоа англискиот клуб би го оставил на позајмица во Валенсија.

Се шекулираше за Брајтон, но Грузиецот попрво би останал на „Месталја“. Не е исклучена можноста ако Мамардашвили и дефинитивно остане во Валенсија, Димитриевски да ја промени средината барем на позајмица во клуб каде што би бил прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…