Дома Фудбал Италија Малолетник му донесе победа на Јувентус и стана хит во Европа! (видео)

Малолетник му донесе победа на Јувентус и стана хит во Европа! (видео)

Јувентус во последното коло од Серија А играше со комбиниран состав и успеа да победи на гостувањето во Болоња и тоа со голот на младиот напаѓач Мојс Кин.

Суперталентираното момче пред неколку месеци стана првиот фудбалер роден во новиот век кој дебитирал во Серија А, а синоќа му донесе победа на големиот Јувентус.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


17-годишниот Кин влезе во игра како резерва и ја донесе победата на „бјанконерите“ со гол во 94-та минута. Пред тоа Тајдер ја донесе Болоња во водство во 52-та минута, а Паоло Дибала израмни во 70-та.

Интересно, Мојс Кин стана првиот фудбалер роден после 2000 година кој постигнал гол во некој од 5-те најсилни шампионати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крос му одржа лекција на Јамал како никој друг

Ламине Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите фантастични настапи на теренот, но на…