Дома Останати Тенис Малку и тажна сцена: Федерер самo си помина покрај малото дете со топче во раката (ВИДЕО)

Малку и тажна сцена: Федерер самo си помина покрај малото дете со топче во раката (ВИДЕО)

Роџер Федерер и Стан Вавринка вчера во Париз одиграа натпревар од четвртфиналето на Ролан Гарос.

Федерер ја оправда улогата на фаворит и со квалитетот и искуство кое се поголеми од оние на неговиот помлад сонародник после четири часа дојде до победа и во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради мало невреме овој меч беше прекинат при резултат 2:1 за Роџер во сетови и дека во гејмови беше 3:3.

И двајцата тенисери беа лути поради прекинот, но мораа да одат во соблекувалната. На патот до соблекувалната некои фанови го чекаа Федерер за автограм, но не го дочекаа.

Камерите забележааа и една сцена во која Швајцарецот само помина покрај едно мало момче кое со тениско топче бараше автограм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најбогатата тенисерка во светот првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Австралија опен

Џесика Пегула (31) се квалификуваше за своето прво полуфинале на Австралија Опен, победува…