Дома Фудбал Италија Малдини: Јас сум најголемиот лузер во историјата на фудбалот

Малдини: Јас сум најголемиот лузер во историјата на фудбалот

Италијанските легенди Паоло Малдини и Кристијан Виери се дружеа на Инстаграм што сега е актуелно кај спортистите.

Тие разговараа на разни теми, најчесто секако за фудбалот, па така Виери го праша Малдини кој натпревар најмногу го заболел во богатата кариера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Всушност, јас сум најголемиот лузер во историјата. Освоив многу, но изгубив три финалиња во ЛШ, едно финале во европскиот суперкуп, три финалиња во интерконтиненталниот куп, финале на Светското првенство и финале на Европското првенство“, одговори Малдини.

За Малдини веројатно не постои потежок пораз од оној со Милан против Ливерпул во 2005 година во Инстанбул кога „росонерите“ водеа со 3:0 на полувремето за на крајот Ливерпул да се врати на 3:3 и да слави на пенали.

Со Италија доживеа два болни порази во финалињата.

Покрај тоа, финалето на Мундијалот во 1994 година го изгуби исто така на пенали од Бразил, а шест години подоцна неговата Италија беше поразена од Франција во финалето на ЕП со златниот гол на Давид Трезеге. Во тој натпревар Италија поведе со голот на Марко Делвекио во 55. Минутата за во 93. минута да изедначи Силван Витфорд. Трезеге ги шокираше Италијаните во 103. минута.

За работата да биде полоша Малдини од репрезентацијата се прости во 2002 година после големата кражба против Јужна Кореја во осминафиналето, за четири години подоцна Италија да стане светски шампион во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…