Директорот и легенда на Милан, Паоло Малдини ги потврди шпекулациите дека минатото лето бил на чекор од заминување од клубот.
Генералниот директор Газидис сакаше да го донесе Ралф Рангник за нов тренер, а со тоа не се согласуваа Звонимир Бобан и Малдини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистина е дека веднаш откако Бобан доби отказ, јас исто така сакав да си заминам. Бевме многу директни еден со друг и кажавме што мислиме. Бобан е многу подобар директор од мене и добро се надополнувавме, тој гледаше нешта кои јас не ги забележував“.
„Кога тој си замина јас останав до крајот на сезоната поради чуството на одговорност кон клубот. Ако дојдеше Рангник, јас немаше да бидам тука. Им го кажав тоа на сопствениците, имавме разговор, па работите се променија“, изјави Малдини.
Really interesting excerpts from Maldini's recent book👇
— Milan Reports (@MilanReports) March 16, 2021
🗣"I didn’t feel safe having to negotiate."
🗣"With the agreement with Rangnick by now made, I would have left."
🗣"When you are honest what can they reproach you for? That you didn’t buy Messi?"https://t.co/gZn2JWS01K