Дома Топ вести Малдини на шопинг во Лондон: Купува три ѕвезди од Челзи

Малдини на шопинг во Лондон: Купува три ѕвезди од Челзи

Италијанскиот гигант Милан покажува сериозен интерес за уште еден играч на Челзи, а станува збор за Хаким Зијех, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како што е познато „росонерите“ ќе го откупат Факијо Томори за 28 милиони евра, а исто така сакаат да го донесат и напаѓачот Оливие Жиру.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во преговорите Милан го потврдил интересот и за Хаким Зијех, кој на лето најверојатно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Зијех минатото лето пристигна во Челзи, но до сега не успеа да го покаже својот квалитет, а новиот тренер Томас Тухел не смета сериозно на него.

27-годишниот плејмејкер е голема желба на Милан и сака да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Челзи е спремен да ја прифати понудата, а цената на трансферот би требало да изнесува 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…