Дома Трансфер зона Малдини му спрема „поклон“ на Милан за враќањето во Лигата на шампионите

Малдини му спрема „поклон“ на Милан за враќањето во Лигата на шампионите

За разлика некои од претходните сезони на Милан оваа сезона одлично му оди во Серија А.

Со оглед на ситуацијата во која е Милан во овој момент ќе биде чудо ако „росонерите“ не се вратат во Лигата на шампионите, односно не завршат во топ 4 во првенството.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Италијанските медиуми затоа пишуваат дека Паоло Малдини за наредната сезона ќе се обиде да го обезбеди потписот на Андреа Белоти. Милан и претходно беше заинтересиран за 27 годишниот напаѓач, а сега освен планираното враќање во Лигата на шампионите во прилог им оди и тоа што договорот на Белоти истекува во јуни следната година. Тоа значи дека Торино не може да бара преголема сума.

Сезонава Белоти на 22 натпревари постигна 11 голови и забележа шест асистенции. За репрезентацијата на Италија одигра 31 натпревар и постигна 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го плати 40 милиони евра, а заминува веќе во јанаури?

Манчестер Јунајтед летово потроши многу пари на засилувања, но резултатите на стартот од н…