Според објавата во билтенот на МВР, фудбалски судија вчера бил претепан на натпревар од општинската лига во Битола.
Судијата бил нападнат на натпреварот кој се играл во селото Горно Оризари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Д.Л.(35) од Битола вчера попладне пријавил во СВР Битола дека на фудбалско игралиште во село Горно Оризари, битолско, каде што бил судија на фудбалски натпревар, физички бил нападнат од службено лице од една од екипите.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира СВР Битола“, стои во билтенот на МВР.