Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ремизираше без голови против врсниците од Србија.
Македонија така стигна до првиот бод во вториот натпревар во квалифиакциите за СП 2023.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Одлична шанса за водство имаше Србија во 36-та минута од натпреварот кога судијата Мунтеан покажа на белата точка, но Денковски го одбрани ударот на Тедиќ.
Македонија потоа беше рамноправна до самиот крај, а најзрелата шанса за гол ја имаше во 64-та минута кога по корнерот на Антовски со глава биеше Божиновски, но топката ја изби голманот од самата гол-линија.
Фото: Димитар Петковски