Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците за Светското првенство

Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците за Светското првенство

Македонската млада ракометна репрезентација утре ќе ги добие противниците за Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Алжир.

Утре во Базел, со почеток од 16 часот, ќе се влече ждрепката за групната фаза на јуниорското СП во Алжир. Македонија пред утрешната ждрепка е високо рангирана и е сместена во третиот шешир, заедно со Алжир, Фарски Острови и Катар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Зад нас, во подолните шешири се сместени неколку репрезентации со голем авторитет во светскиот ракомет, како Унгарија, Словенија, Русија, Шведска, но и Бразил, Египет и Јужна Кореја.

Ќе бидат извлечени вкупно четири групи со по шест репрезентации, а најдобропласираните четири селекции од секоја група ќе одат во осминафиналната фаза. Останатите селекции ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.

Шешир 1: Шпанија, Германија, Хрватска и Франција
Шешир 2: Тунис, Норвешка, Данска и Исланд
Шешир 3: Македонија, Алжир, Фарски Острови и Катар
Шешир 4: Унгарија, Египет, Саудиска Арабија и Бразил
Шешир 5: Словенија, Буркина Фасо, Јужна Кореја и Аргентина
Шешир 6: Русија, Мароко, Шведска и Чиле

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…