Дома Фудбал Репрезентации Македонија не блескаше, но се врати со бод од Тблиси ?

Македонија не блескаше, но се врати со бод од Тблиси ?

Репрезентацијата на Македонија денес го одигра натпреварот против Грузија во рамките од второто коло во новата сезона од Лигата на Нации.

Изненадувачки условите за игра во Тблиси беа лоши. Непосредно пред натпреварот врнеше силен дожд кој го потопи теренот, па не беше баш лесно да се игра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Грузија беше репрезентацијата која прва стигна до предност. Окриашвили ги доведе домаќините во водство во 13 минута откако Алиоски направи пенал.

До изедначување ние стигнавме во 33 минута кога Стефан Ристовски во гол ја претвори одличната асистенција од Пандев.

Во продолжение Грузија можеби изгледаше како да има подобра игра, но 100% шанси не создаваа. Проблеми за нашата селекција на станаа во 64 минута кога Висар Муслиу доби директен црвен картон.

Грузијците не ја искористија предноста од играч повеќе и не постигнаа гол. Најдобрата шанса ја имаа во 95-тата минута кога Шишковски имаше одлична интервенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тијаго, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во н…