Дома Останати Ракомет Македонија лесно во втората победа на СП над Буркина Фасо

Македонија лесно во втората победа на СП над Буркина Фасо

Македонија славеше и по вторпат во рамки на СП за ракометари до 21 година во Алжир.

Денешниот противник беше решен без проблеми за избраниците на Илија Темелковски кои против Буркина Фасо славеа со резултат 20:48.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Првото полувреме со одлична доминација од самиот старт, Македонија го доби со 8:23, а се чини опуштеноста во тимот следеше во вториот дел сосема оправдано. И покрај тоа што во еден момент Буркина Фасо успеа да дојде со резултат 12:26, нашата репрезентација брзо се врати и рутински ја мина и втората пречка славејќи на крајот со високи 28 разлика.

Во рамки на третиот меч, утре Македонија на мегдан ќе ја има селекцијата на Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Битола не спиеше: Титулата се славеше до раните утрински часови! (Фото)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победата над Вардар во Скопје стигнаа до шампионската…