Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија доби нов Американец: Не се двоумев да кажам „да“ на оваа кошаркарска земја!

Македонија доби нов Американец: Не се двоумев да кажам „да“ на оваа кошаркарска земја!

Кошаркарот на шпанскиот ACB лигаш, Гран Канарија, Џејкоб Вајли (26 години- 203 сантиметри), ќе биде во конкуренција за едно од 12. места во репрезентацијата на Македонија на претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И дефинитивно процедурата за неговото добивање македонско државјанство е завршена на време, и тој е веќе регистриран во канцеларијата на ФИБА.

Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, за можноста и за честа која ми е укажана од нивна страна! Јас сум многу благодарен за можноста да помогнам во претставувањето на Македонија заедно со националниот тим. И кога ми беше презентирана идејата да играм за оваа кошаркарска земја, не се двоумев да кажам да. Сакав да учествувам во ова– изјави Вајли по доаѓањето во Скопје, каде во текот на денот требаше да ги заврши оние неопходни формалности за добивање на македонската патна исправа.   

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шпанија прими гол за паметење

Шпанија игра со Ирак во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство, а по …