Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија го победи Мароко со 15 разлика и обезбеди натпревар за 27. место

Македонија го победи Мароко со 15 разлика и обезбеди натпревар за 27. место

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа од 15 разлика против Мароко го заврши „Президент Купот“ на Светското првенство со што обезбедивме натпревар за 27. место на Светското првенство.

Мароканците не беа достоен против на нашите ракометари, од самиот почеток можеше да се забележи разликата во квалитетот. Водството од 0:1 кое го имаа на самиот старт им беше и единствентоо на натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со неколку кратки серии ние ја зголемувавме разликата, а на пауза заминавме со 18:12. Второто полувреме донесе уште подобра игра на нашите ракометари што го покажува и конечниот резултат 40:25.

Филип Кузмановски беше најефикасен поединец кај нас со девет гола, Петар Атанасијевиќ постигна седум. Томовски на голот исто така беше одличен со 12 одбрани.

Во среда против Јужна Кореја од 18:00 часот Македонија ќе игра за 27-то место на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…