Фудбалската репрезентација на Македонија, противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, ќе ги чека од четвртиот „шешир“. Ждрепката за Мундијалот во Катар ќе се одржи на 7-ми декември.
Македонија, во квалификациите нема да може да игра со Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Белорусија, Израел, Грузија. Последното коло, во Лигата на нации, ќе ги одреди имињата на уште две селекции кои ќе бидат во четвртиот „шешир“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„We Global Football“, денес направи симулација на ждрепката за квалификациите за Светското првенство во Катар.
Нашата најдобра фудбалска репрезентација се “падна“ во Групата Ј, а за ривали ги “доби“ Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар.
Based on where things stand right now, here's a simulated draw for UEFA World Cup Qualifying. pic.twitter.com/BMN1YX13HJ
— We Global Football (@We_Global) November 15, 2020