Македонскиот фудбалер Константино Горгиовски кој доби повик да игра за репрезентацијата на Нов Зеланд имаше успешен настап на првенството до 17 години.
Треба да се напомене дека Горгиовски стана првиот играч од македонската лига кој успеал да се пласира на едно Светско првенство (младинско), откако по триумфот на континенталното првенство на Океанија Нов Зеланд го обезбеди пласманот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не само што играше за Нов Зеланд, туку Горгиовски беше и еден од најважните играчи. Во финалето Нов Зеланд беше подобар од Нова Каледонија со 1:0, а Горгиовски на теренот беше до 65-тата минута кога поради болка во зглобот го напушти теренот.
И не само во финалето, Горгиовски беше стандарден од почетокот до крајот на турнирот и не играше само во натпреварите кои беа помалку важни во завршницата од групната фаза со цел да биде свеж за нокаут фазата.
По настапот тој се врати во Македонија со титулата континентален шампион и ќе продолжи со настапите во дресот на Македонија Ѓорче Петров.