Дома Фудбал Лига на шампиони Мадрид вечерва има ДОБРА причина да навива за Барса!

Мадрид вечерва има ДОБРА причина да навива за Барса!

На Реал Мадрид вечерва му одговара победа на Барселона во дербито на вечерта

Реал Мадрид веќе втора година во низа е втор во групата од Лигата на шампионите, но тоа барем засега не преставуваше проблем бидејќи минатата сезона стигнаа до својот 12 трофеј во ова натпреварување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тотенхем славеше на гостински терен против Борусија Дортмунд, па така Реал во нокаут фазата ќе оди на некоја од првопласираните екипи, што секако е потешкиот пат.

„Кралевите“ веќе ги знаат имињата четири потенцијални ривали, а посакуван противник е само Бешикташ. Покрај турската екипа пласманот во следната фаза го обезбедија, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Манчестер Сити, додека на добар пат да бидат првопласирани се уште Барселона и Ливерпул.

Најнеизвесно е во групата „Ц“ каде што Рома е лидер со осум бодови, Челзи има седум и изгледа дека „сините“ се поблиску до првата позиција бидејќи играат против Карабах, додека Рома му гостува на Атлетико Мадрид во рамките од пред последното коло.

Значи, после неколку години лидери во групите можат да бидат сите англиски претставници, три веќе се, на Ливерпул му е потребна победа против Спартак Москва на „Енфилд“, а на Челзи победа против Карабах.

Реал и понатаму стравува поради шестиот потенцијален ривал, можеби и најнепосакуваниот со оглед на традицијата која ја имаат во меѓусебните дуели во Европа. Тоа е италијански Јувентус кој вечерва игра против Барселона.

Математиката е јасна, доколку Барселона го совлада Јувентус ќе го обезбеди првото место во групата, а Каталонците не можат да им бидат противник на „кралевите“ бидејќи доаѓаат од иста земја, па јасно е зошто Мадрид вечерва ќе навива за победа на нивниот голем ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…