Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Барса победнички го напушта „Вембли“, Инсиње го израдува Неапол во последните минути (ВИДЕО)

ЛШ: Барса победнички го напушта „Вембли“, Инсиње го израдува Неапол во последните минути (ВИДЕО)

Со почеток од 21:00 часот вечерва во рамките од второто коло во Лигата на шампионите се оиграа шест натпревари.

Најголемо внимание привлекуваше натпреварот помеѓу Тотенхем и Барселона, а може да се каже и дека на крајот ги оправдаа очекувањата. На оваа средба видовме шест погодоци, два во мрежата на Шпанците и четири во мрежата на Англичаните (2:4).


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Барселона рано уште во втората минута после една одлична акција стигна до предност преку Фелипе Кутињо.

За нов гол чекавме уште нешто повеќе од дваесетина минути кога Ракитиќ со одличен волеј го совлада Лорис. Каталонците на полувреме заминаа со предност од два гола.

На самиот старт Хари Кејн покажа зошто е најдобриот англиски напаѓач во овој момент. На мајсториски начин се ослободи од Семедо и матираше Тер Штеген. Сепак, само четири минути подоцна Барса одново стигна до два гола предност и тоа преку Меси.

Ерик Ламела кој беше асистент при голот на Кејн се запиша во листата на стрелци во 66-тата минута за 2:3. Точка на натпреварот стави Лионел Меси со својот втор гол во последните минути од натпреварот.






Второто дерби оваа вечер и не донесе премногу возбудувања. Наполи минимално со 1:0 и тоа со гол во 90-тата минута го победи Ливерпул кој одигра лош натпревар.

Како изгледаше тимот на Клоп кој во досегашниот дел од сезоната беше одличен доволно говори податокот дека „црвените“ не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Оспина.

Во останатите натпревари Интер со пресврт славеше над ПСВ (1:2), Порто запиша победа на Галатасарај (1:0), Борусија Дортмунд беше убедлива против Монако (3:0), три погодоци постигна и Атлетико во победата против Клуб Бриж (3:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …