Холандскиот дефанзивец Матијас е Лихт, кој беше платен 75 милиони евра, вчера го имаше своето деби во дресот на Јувентус.
Меѓутоа, дебито не помина баш како што се очекуваше, бидејќи Јуве беше поразен со 3-2, а италијанскиот тим прими гол само две минути откако Де Лихт влезе во игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погодокот го постигна Лукас Моура за кој многумина кажуваат дека е ноќна мора на младиот Холанѓанец. Наводно, тоа е поради полуфиналето од ЛШ минатата сезона кога Бразилецот со хет-трик го одведе Тотенхем во финалето.
Ајакс тогаш беше на чекор од финалето, но Моура беше ноќна мора за одбраната на холандскиот тим, посебно за Де Лихт кој никако не успева да излезе на крај со него.
Така беше и вчера кога после само две минути поминати на теренот Де Лихт беше совладан од страна на Лукас Моура.
Lucas Moura 2-2 What a pass by Ndombele!!!!! COYS!!!! pic.twitter.com/GVJV7CGRPS
— 10jbeez10 (@10jbeez10) July 21, 2019