Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, изјави дека за тренерот на англискиот клуб, Жозе Мурињо, е спремен да помине и низ ѕид.
Лукаку во текот на вчерашниот ден прв пат тренираше со новиот клуб откако направи трансфер од Евертон во Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Белгиецот ова ќе биде втор пат во кариерата да соработува со Жозе Мурињо, после нивната соработка во Челзи. Лукаку во 2014 година замина од Челзи бидејќи не успеа да се избори за место во првиот тим, Мурињо тогаш во прашање ги доведуваше менталитетот и одлучноста на Лукаку.
„Работев со него кога имав 20 години, работите не се одвиваа како што очекував, но тоа е минато. Имаме одличен однос, тој знае дека за него ќе поминам и низ ѕид. Возбуден сум што ќе соработуваме и верувам дека ќе напредувам. Сакам да се борам за трофеи“, изјави Лукаку.
Белгиецот минатата сезона беше втор најдобар стрелец во Премиер лигата со 25 погодоци, а Евертон сезоната ја заврши ја седмата позиција. Јунајтед беше шести, но се пласираше во Лигата на шампионите, бидејќи ја освои Лигата на Европа.