Оле Гунар Солскјер од своето доаѓање во Манчестер Јунајтед поправи многу работи во овој клуб.
Покрај добрите резултати и формата, Норвежанецот многу инсистираше и на тоа дека играчите треба повеќе да трчаат на теренот, а Ромелу Лукаку сега тврди дека е најбрз играч на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од доаѓањето на Солскјер, Јунајтед започна да игра многу побрзо, а контранападите на овој тим станаа еден од најсилните сегменти во играта.
Брзината на Џеси Лингард, Маркус Рашфорд беше клучна компонента во остварувањето на овие резултати, но Лукаку тврди дека сепак тој е најбрзиот.
Белгиецот има и аргумент на своја страна. Имено, тој е фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој оваа сезона ги истрчал двата најбрзи спринта.
Инаку, неодамна Лукаку објаснуваше како Ибрахимовиќ влијаел на тоа тој да стане повеќе борбен играч играч.
„Ибрахимовиќ е човек од кој многу научив. Ми кажуваше приказни за времето поминато од Интер, Милан, Барселона, Ајакс…Беше многу победнички настроен. Паметам кога на еден тренинг игравме на спротивни страни и имавме дуел. Ибра влезе во мене со сета сила, тогаш сфатив дека овој човек се бори секаде и секаде сака да победува. Тогаш си реков себе си: Кога тој доживува дека мора да се бори за својата позиција, морам и јас да бидам таков“.
„Со него можеш и добро да се забавуваш, но кога станува збор за играта на теренот и местото во тимот тогаш имате работа со крајно сериозна личност која нема пропуст за никого, изјави неодамна Лукаку.