Дома Фудбал Италија Лукаку: После поразот од Севиља не зборував четири дена

Лукаку: После поразот од Севиља не зборував четири дена

Напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку се надева дека ќе извлече порака од поразот од Севиља во финалето од Лигата на Европа одиграно на 21. август.

Шпанскиот тим славеше со резултат 3:2, а еден од трагичарите на Интер беше Лукаку бидејќи третиот гол на Севиља „падна“ откако тој ја сврти топката кон голот. Претходно треба да се спомене дека Белгиецот погоди за 1:0, но моментот од 74. минута ќе се памети.

„Тоа беше тежок момент за мене. Не зборував четири дена по тој пораз. Но потоа се разбудив и си кажав самиот на себе – можеш да изгубиш, но само за да научиш како да победиш“, изјави Лукаку.

Лукаку е задоволен што Интер го доведе Артуро Видал од Барселона и се надева дека неговото искуство ќе биде од голема помош за Интер.

„Неговото доведување е важно. Тој е одличен играч. Не можеш да победуваш со различни клубови ако не си играч на високо ниво“, смета Лукаку.

Минатата сезона Лукаку беше одличен во дресот на Интер. На 51 натпревар во сите натпреварувања постигна дури 34 гола и така го изедначи рекордот на бразилскиот Роналдо кој во дебитантската сезона постигна исто така 34 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вчера се постигна голот од најголема далечина во Лига Европа!🎥

ПСВ славеше против Омонија во Лигата на Европа, но голот кој го постигна Гомез, фудбалерот…