Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична и неизвесна завршница во третото коло од Групата Е.

Мечот започна одлично за Белгија која дојде до водство после само 74 секунди игра со голот на Тилеманс на асистенција на Лукаку.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Лукаку повторно и на овој не се запиша во листата на стрелците, а имаше неколку одлични шанси. Во 64-та минута ја затресе противничката мрежа, но ВАР го поништи голот поради офсајд.

Надмоќта на Белгија конечно ја материјализира Де Брујне во 80-та минута кога ги постави конечните 2:0.

После две одиграни кола сите четири репрезентации имаат по три освоени бода и со поддеднакви шанси влегуваат во третото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ливерпул ќе потроши 100 милиони евра за двајца фудбалери на Барселона

Според објавата од „Fichajes“, Ливерпул е подготвен да ги потпише двајцата играчи на Барсе…