Дома Фудбал Руди Гарсија: Македонија заслужи бод

Руди Гарсија: Македонија заслужи бод

Белгија во Скопје го имаше својот прв натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 и ремизираше 1:1 против македонската фудбалска А репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот селектор Руди Гарсија е свесен дека резултатот не е најдобар и дека имаше грешка кај неговите избраници во текот на мечот.

– Не одигравме одличен натпревар, не одигравме најдобро од наша страна. Направивме некои грешки, или поради лош избор или поради малку нервоза. Македонија заслужено го освојува бодот, бидејќи погоди две стативи, а имаше и еден поништен гол.

Ние се обидовме да постигнеме и втор гол, но едноставно не межевме. Бевме нервозни во одбранат, тоа е вистина, и тоа им даваше шанси на домаќините. Генерално одиграа добар натпревар.

Голот на противникот беше прекрасен, но не требаше да се случи. Во нашиот напад премногу бевме зависни од Жереми Доку. Треба да направиме повеќе и да играме подобро – рече Гарсија по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…