Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат дека примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку.
Манчестер Сити го гледа Белгиецот како идеална замена за Серхио Агуеро, кој е на излезна врата бидејќи му завршува договорот со „граѓаните“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Гвардиола е подготвен да испрати голема понуда и до Интер и до Лукаку, но „Газета дело Спорт“ тврди дека желбата на напаѓачот е да остане во Милано.
Имено, еминентниот весник во денешното издание тврди дека Лукаку е спремен да ја одбие богатата понуда од „граѓаните“, бидејќи е среќен во Интер и сака да остане во клубот.