Белгискиот фудбалер Ромело Лукаку оваа сезона игра како препороден во дресот на Интер.
Лукаку пред две години играше за Манчестер Јунајтед, но во клубот од „Олд Трафорд“ баш и не ги оправда очекувањата. После две години одлучи да се пресели во Серија А и да го облече дресот на Интер што беше полн погодок. Најдобар доказ за тоа е фактот што во досегашниот дел од сезоната веќе постигна еднаков број на голови како и во текот на целата мината сезона во Манчестер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со вчерашните два гола против Џенова, Лукаку на своето конто има 12 голови во Серија А, а минатата година во Премиер лигата му беше потребна цела сезона да стигне до таа бројка.
Инаку, од 12. гола Лукаку шест постигна со лева, четири со десна и два со глава. Тој во овој момент е втор на листата на стрелци во италијанскиот шампион и има пет голови помалку од првопласираниот Чиро Имобиле.