Дома Трансфер зона Луис Нани станува соиграч со македонски репрезентативец?

Луис Нани станува соиграч со македонски репрезентативец?

Поранешниот португалски репрезентативец, Луис Нани иако има 36 години се уште не размислува да каже „збогум“ на фудбалот.

Зад себе Нани има сезона во Австралија во која немаше премногу успех, а сега како што стојат работите ќе се врати во Европа. Нани ја прифатил понудата од турскиот прволигаш Аданаспор.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Aко трансферот се реализира, а според турските медиуми скоро е договорен, Нани ќе стане соиграч со македонскиот дефанзивец Јован Манев. Адана минатиот месец на тренерската позиција го доведе Патрик Клајверт и токму тој најмногу инсистирал на доведување на Нани.

За Нани ова е враќање во турскиот шампионат каде што од 2015-та до 2016-та беше дел од Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…