Дома Фудбал Репрезентации Луис Енрике фаворит за селектор на Бразил

Луис Енрике фаворит за селектор на Бразил

Шпанскиот стратег Луис Енрике е фаворит за селекторското место на бразилската репрезентација, пренесува „Спорт“.

Бившиот селектор на „црвената фурија“ е слободен откако ја напушти Шпанија после елиминацијата на Мундијалот во осминафиналето од Мароко.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Бразил исто така е во потрага по нов селектор, откако после елиминацијата на Мундијалот, Тите си поднесе оставка.

Со бразилската репрезентација беа поврзувани имиња како Гвардиола, Зидан и Мурињо, кои пак ја одбија понудата.

Бразилците се решени да донесат големо тренерско име од Европа, па сега Луис Енрике е фаворит за нов селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Меси размислува за трансфер пред Светското првенство 2026 година?

Суперѕвездата на Интер Мајами Лионел Меси размислува да премине во друг клуб во месеците п…