
ПСЖ со победа против Сиетл (2:0) во последното коло од групната фаза на Светското првенство за клубови си обезбеди место во осминафиналето, каде што го чека Интер Мајами.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Но, тренерот на европскиот првак не е задоволен. Луис Енрике, по натпреварот во Сиетл, изрази незадоволство поради квалитетот на тревниците на турнирот што се одржува во САД.
“Сакам да напоменам, иако победивме, дека состојбата на терените на првенството не е на ниво соодветно за фудбал. Овде тревниците се со многу помал квалитет од европските. Топката на нив отскокнува како зајак. Сега игравме на терен кој претходно беше вештачки, а сега е природен. Тоа значи дека се наводнува рачно и се суши за десет минути”, рече Енрике и продолжи:
“Тоа е очигледен проблем, а не изговор. На терени како овие на првенството во Америка не можеме да играме на нивото кое го посакуваме. ФИФА мора да ја разгледа оваа ситуација. Не само на стадионите, туку и во тренинг-камповите. Не можам да замислам, на пример, НБА терени со дупки, а ние овде играме на терени на кои топката повеќе се однесува како зајак отколку како топка. Ако мораме толку многу да критикуваме, значи дека е време за промени.”