Тренерот на Барселона, Луис Енрике е оптимист пред реваншот против Јувентус и вели дека неговиот тим нема што да загуби во тој натпревар.
Луис Енрике се надева дека неговиот тим може да го повтори мечот против ПСЖ кога Каталонците бркаа заостанување од четири гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако се сеќавате бркавме четири гола, не одигравме баш најдобро, но поминавме. Утре вечер треба да бидеме совршени, не само ефикасни“, изјави Енрике.
Тренерот на Барселона има своја теорија како да ја анулира предноста од 3:0 која ја носи Јувентус од првиот меч во Торино.
„Да постигнеме еден гол ние, Камп Ноу ќе го донесе вториот, третиот ќе дојде сам по себе“, објаснува Луис Енрике.
„Се надевам дека никој нема да го напушти стадионот уште во 80-та минута. Сигурен сум дека навивачите ќе имаат можност да доживеат уште една историска вечер. Барса може да постигне три гола за три минути“.
„Немаме што да загубиме, противникот веќе го има полуфиналето во џеб. Ќе треба да одлучат дали да се бранат или да напаѓаат. Ние немаме избор, морама да напаѓаме, напаѓаме, напаѓаме“, заклучи стратегот на Каталонците.