Дома Останати Кошарка НБА Луд натпревар на Тејтум: Бостон е вториот финалист на Истокот! 🎥

Луд натпревар на Тејтум: Бостон е вториот финалист на Истокот! 🎥

Бостон со обезбеди финале во плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата откако во седмиот натпревар ја совлада Филаделфија со 112:88.

Фантастична вечер имаше Џејсон Тејтум кој ги предводеше Селтикси со 51 поен, 13 скока, пет асистенции и две украдени топки. Така Тејтум стана единствениот играч кој постигнал над 50 поени во седмиот плеј-оф натпревар. Одличен беше и Џејлен Браун со 25 поени и шест скока.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кај Филаделфија најдобар беше Тобијас Харис со 19 поени и пет скока, Тајрис Макси уфрли 17 поени. Жоел Ембид кој го освои признанието за МВП на сезоната мечот го заврши со 15 поени и осум скока.

Противник на Бостон во финалето на Истокот ќе биде Мајами кој ги совлада Њујорк Никси со 4:2. На Запдот се среќаваат Денвер и Лејкерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…