Дома Фудбал Англија Лудо сценарио: Четвртиот тим во Англија може да остане без место во Лигата на шампиони!?

Лудо сценарио: Четвртиот тим во Англија може да остане без место во Лигата на шампиони!?

Големите англиски клубови Челзи, Арсенал или Манчестер Јунајтед може да не добијат место во Лигата на шампионите дури и ако завршат четврти.

Ваквата опција е теоретски отворена, а тоа ја зачуди целата спортска јавност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За вакво нешто потребно е сензација, но теорија постои.

Што треба да се случи за Челзи, Манчестер Јунајтед и Арсенал да извисат за пласманот во ЛШ иако бидат четврти?

Како што е веќе познато УЕФА има правило за пет претставници на една земја во Лигата на шампионите (четири преку првенствата и еден ако ја освои Лигата на шампионите).

Сега кога дури шест клуба се борат за место во ЛШ, а две од нив веќе се обезбедени за клубовите кои се борат за титулата (Манчестер Сити и Ливерпул) има опција четвртопласираниот клуб да не избори место во ЛШ.

За вакво нешто потребно е на пример Челзи и Јунајтед за завршат на третото и четвртото место, а Тотенхем и Арсенал да се радуваат на титули во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Така четвртиот тим од Премиер лигата би останал без пласман во најелитното натпреварување (местото ќе биде пополнето од освојувачот на Лигата на Европа).

Исто би било ако Челзи се радува на трофеј во Лигата на Европа.

Значи во една ваква чудна ситуација само третото место носи загарантиран влез во најелитното европско натпреварување.

Меѓутоа јасно е дека вакво нешто би било големо изненадување, најмногу поради тоа што Тотенхем покрај останатите европски гиганти не се смета за фаворит во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…