Еминентниот „ЕСПН“ вчера објави дека Франк Кеси и Андреас Кристенсен може да си заминат бесплатно, доколку Барселона не ги регистрира до сабота.




Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси е фрустриран од целата ситуација и би можел експресно да се врати во Италија.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Јувентус и Милан внимателно ја следат ситуацијата и дека се спремни да стапат во контакт со неговиот агент.




Јувентус бара засилување за средниот ред и не сака да ја пропушти шансата да го донесе Кеси без обештетување.




Од друга страна Милан се уште нема доведено замена после неговото заминување и би сакал да го врати во своите редови.