Дома Фудбал Лига на шампиони Лудост: Навивач вложи прилично голема сума дека Звезда ќе биде – европски шампион! (ФОТО)

Лудост: Навивач вложи прилично голема сума дека Звезда ќе биде – европски шампион! (ФОТО)

Црвена Звезда оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите и поради тоа еуфоријата кај навивачите на овој клуб е огромна.

Српскиот клуб доби навистина пеколно тешка група во која ќе игра со Наполи, ПСЖ и Ливерпул и пласманот во следната фаза, па дури и третата позиција која води во Лигата на Европа изгледа како невозможна мисија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сепак еден навивач верува во Звезда и тоа не само дека ќе ја помине групната фаза, туку и дека Звезда ќе стане европски шампион!

Навивачот се обложил на Звезда дека српскиот клуб ќе се искачи на европскиот трон и тоа не вложил воопшто мала сума, ако се знаат очекувањата од Звезда – 10.000 динари (85 евра – 5.000 денари).

Доколку се случи некое чудо, па дури и тоа е мал збор овој голем оптимиста ќе добие 169 илјади евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Во последниве недели се шират шпекулации дека Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер на Реал М…